КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ: Експертите открија дека волку шолји го зголемуваат ризикот за деменција и мозочен удар!

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Австралија ги проучувале ефектите на кафето кај 18.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години за да откријат дали омилениот пијалок влијае врз мозокот, поточно волуменот на мозокот и ризикот од деменција и мозочен удар.
Откриле дека вишокот кафе може да има лоши последици за здравјето на мозокот, а луѓето кои пијат повеќе од шест шолји дневно имале 53 проценти поголем ризик од деменција, како и помал волумен на мозокот.
Откривме дека поголемата потрошувачка на кафе е значително поврзана со намален волумен на мозокот. Во основа, конзумирањето повеќе од шест шолји кафе дневно може да доведе до ризик од мозочни заболувања како што се деменција и мозочен удар – рече др. Sc Кити Фам, коавторка на студијата. Едно едноставно нешто што можеме да направиме е да бидеме хидрирани и да не заборавиме да пиеме малку вода со шолја кафе – објасни професорката и коавторка на студијата, Елина Хејпонен.
Од друга страна, умерениот внес на кофеин всушност е позитивно поврзан со здравјето на мозокот. Според едно истражување од 2010 година, пиењето три до пет шолји кафе на ден било поврзано со намален ризик од деменција и Алцхајмерова болест за околу 65% подоцна во животот, пишува mbg.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.