Колку километри треба да пешачите за да ослабите?

Иако секое тело е различно, сепак постои едно правило што делува во напорите за слабеење, барем на почетокот, а тоа е – помалку јадење, повеќе движење.

Ако ве боли главата од самата помисла да влезете во теретана или студио за пилатес, има едно едоставно решение што нема да ве чини ништо, а може да го правите сами, или во друштво – пешачете.

Секако, нема да ослабите ако одите само од врата до гаража или до најблискиот супермаркет. Сепак, треба да остварите некои позначајни бројки.

Просечно, со 2.000 направени чекори се губат околу 100 калории. Ако сакате да „стопите“ околу половина килограм треба дневно да потрошите 500 калории.

Тоа се околу 10.000 чекори дневно или нешто поеќе од 8 поминати километри.

Ако овие бројки ви делуваат невозможно, помислете колку може да изодите ако наместо со автомобил, одите пеш до работа и назад, се шетате со детето во парк наместо да дремете во игротека, пиете кафе со пријателката во одење наместо во кафуле, одите по скали наместо со  лифт…

Ако сакате да го следите вашиот напредок, инсталирајте апликации што ќе го следат вашето движење секој ден, како:

Map my Walk

Walkmeter

Azumio

Fitbit

Endomondo

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.