Колку протеини ни се потребни во текот на денот?

Според препораките на стручњаците треба да внесувате 0,8 грама по килограм од вашата телесна маса, што во просек изнесува околу 46 грама за жените.
Тоа се околу 10% калории кои треба да ги внесете во текот на денот. Ако не сте премногу физички активни, тоа ќе ви биде повеќе од доволно и ќе ја постигнете целта.
За да добиете точен податок, помножете 0,8 со бројот на килограми, а резултатот дуплирајте го ако сте премногу активни. Тоа ќе ви овозможи да ја одржите мускулната мса, но и ќе го унапреди вашиот процес на слабеење.
Храната со највисок процент на протеини се риба, јаткасти плодови, грашок, семки, млечни производи.
Кога треба да го зголемите внесот:
Ако сте премногу активни
Тоа значи да вежбате барем 35 до 40 минути секој ден, пет дена во неделата, вклучувајќи ги и вежбите 2 или повеќепати неделно. Ако внесувате 1,2 до 2 грама протеин по килограм секој ден тоа ќе ви помогне да направите мускулна маса, особено ако практикувате HIIT тренинг.
Ако слабеете
На организмот му е потребно повеќе време да ги свари протеините за разлика од јаглехидратите и ви помагаат да се чувствувате сити подолго време. Исто така, протеините помагаат во излачување на хормоните кои се задолжени за намалување на чувството на глад.
Ако сте во средните години
Зголемениот внес на протеини во зрелите години ќе ви помогне да спречите појава на остеопороза и ќе бидете функционални и ќе се движите без проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.