Колку треба да вежбаме ако цел ден седиме?

Дали поради вашата работа цел ден седите пред компјутер? Ако е така, мора да се потрудите секојдневно да вежбате, ако сакате да го подобрите здравјето.
Научници докажаа дека долготрајното седење на дневно ниво може да има лоши последици. Ако сте неактивни, ризикувате да добиете дијабетес тип 2, срцеви проблеми или најлошо, прерана смрт.
Единствениот начин да го избегнете тоа сценарио е редовно движење, вежбање. Сега сигурно се прашувате, колку вежбање е потребно?
Опсежна студија во САД испита над 100.000 луѓе и дојде до следните заклучоци. Еден час на ден е потребно да вежбате за вашето тело да се раздвижи и организмот да закрепне.
Истражувањето покажало дека редовното вежбање значително го подобрува здравјето и го намалува ризикот од болести.
Многу е важно да се движите, а какви вежбате правите не е толку важно. Може да вежбате на дома, на отворено па и на работа, ако има услови за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.