Командантот на српските “Кобри”, Гошиќ, одговори на изјавата на Курти дека “Кобрите” киднапирале тројца косовски специјалци.

-Во врска со изјавата на Албин Курти дека „Кобрите“ киднапирале тројца „полицајци“, сакам да ве информирам за следното – Одредот „Кобри“ на војската на Србија не бил ангажиран во регионот на Косово, а кога, на наредбата на врховниот командант Александар Вучиќ ќе бидеме ангажирани и кога ќе добиеме наредба за употреба целосно ќе ја извршиме. Тогаш Курти, Роса и единиците Фит нема да имаат што да кажат повеќе – изјави потполковник Ѓошиќ.


