Комарците бегаат од луѓе кои го внесуваат овој витамин: Д-р Несторовиќ открил трик кој многумина сакаат да го слушнат

Д-р Бранимир Несторовиќ советува како да се заштитите себеси и своите најмили од здодевните инсекти – комарците, и тоа на целосно природен начин.
„Постојат едноставни, природни начини како да се заштитите од комарци, како користење на витамин Б комплекс, особено витаминот Б1 кој има мирис кој ги одбива женските комарци – кои боцкаат“.
„Кога го внесувате овој витамин, комарците бегаат бидејќи мирисот на пот им е непријатен, а сличен ефект предизвикува и лукот“, тврди Несторовиќ за „Link TV“.
Српскиот доктор како особено ефикасен начин на одбивање на инсекти наведува и една стара, добро позната билка – копривата.


„Копривата убива сè што постои. Наберете коприва, ставете ја да отстои во фрижидер 5 дена во вода и со таа вода испрскајте низ домот. Инсектите исчезнуваат за неколку часа“, наведува тој.
Старите билки како копривата, со текот на времето развиле одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габи и од други растенија, па затоа се толку ефикасни.
Ако сепак дојде до убод, чешањето претставува еден од најголемите проблеми, а д-р Несторовиќ како решение предлага уште еден стар рецепт – еозин.
„Еозинот помага, црвена боја која се мачка за да се намали чешањето и да се спречи инфекцијата. Но, ако се направат рани и пликови, тогаш тоа не вреди и на ред доаѓа друг стар лек – цинк оксид односно цинкова маст. Со неа може да се мачкате неколку пати дневно бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство“, објаснува Несторовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.