Компир диета, хит во светот: За 3 дена се губат и до 5 килограми

Најпопуларната диета што многу познати личности во светот на шоу-бизнисот ја препорачуваат оваа година е диетата чија главна состојка е компирот.
Оваа диета исто така вклучува и јогурт со малку маснотии, а ако ги следите упатствата, за три дена можете да изгубите и до пет килограми. Скробот кој го содржи компирот, заедно со млечна киселина од јогурт, му обезбедува на организмот доволен дневен внес на калории, а скробот во комбинација со вода дава чувство на ситост.
Прв ден
Појадок: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Две чаши јогурт.
Вториот ден


Појадок: Една чаша јогурт.
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Третиот ден
Појадок: Еден варен компир без сол.
Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Една чаша јогурт.
Многу важна напомена е дека не треба да го замените варениот компир со пржен.
Варените компири содржат многу витамини и минерали, како и влакна кои го забрзуваат варењето на храната, додека јогуртот ја регулира работата на дигестивниот систем, отстранува вишок вода и токсини од организмот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.