Компир салата која оди одлично во комбинација со скара

Компир салатата честопати ја служиме во комбинација со скара, а овој поразличен рецепт е одличен за сите оние кои ја практикуваат палео диетата, но веруваме дека ќе им се допадне и на останатите.
Палео рецепт: Компир салата која оди одлично во комбинација со скара


Потребни состојки:
8 големи компири
4 јајца
1 лажица сенф
300 милилитри мајонез
2 лажички сол
250 г сечкан целер
250 г сечкани маслинки
Начин на подготовка:
Измијте ги и излупете ги компирите. Потоа насечкајте ги на коцки и сварете ги.
Сварете ги јајцата, а потоа насечкајте ги.
Во еден сад измешајте ги сенфот, мајонезот и солта. Потоа додадете ги во сварените компири заедно со целерот, маслинките и јајцата.
Оставете да се олади во фрижидер, а потоа сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.