Компир со сланина и кајмак кој е вистински рај за вашите непца

Доколку немате идеја со што да ги изненадите вашите најмили за ручек, овој рецепт е совршениот избор за вас.
Потребни состојки:
•компири (колку што ви се потребни)
•свинска маст или путер за да се премачка дното на тавата
•неколку парчиња сланина
•една мала лажичка лимонов сок
•кајмак (може и кремсирење)
•едно чешне лук
•сецкан свеж магдонос
•сол


Начин на подготовка:
1.Убаво измијте ги компирите и ставете да се варат. Оставете ги да вријат нешто помалку од 10 минути. Ако компирот е млад, доволни се и 5 минути.
2.Тавата во која ќе ги печете компирите, намачкајте ја со свинска маст или путер.
3.Посолете ги компирите, исечете ги на два дела и ставете ги во тава. Со лажица, полека издлабете ја внатрешноста, но внимавајте да не го дупнете компирот на дното или од страна.
4.Измешајте ја внатрешноста од компирите со ситно исецканиот лук и претходно пропржената и исецкана сланина, а потоа додадете една мала лажичка лимонов сок.
5.Со ваквата смеса наполнете ги компирите и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 Целзиусови степени додека не се запечат и добијат златножолта боја.
6.Некаде пред крајот на печењето, извадете ја тавата од рерна и ставете по една топка кајмак на секој компир. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 5-6 минути.
7.Послужете со свеж магдонос.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.