Концентрациони логори и гулази во Велика Британија?

Политичката група LGBTQ+Goldmiths на својот официјален Tviter профил објави дека конзервативците би требало да се сместат во концентарациони логори и повикуваат на основање на гулази ( логори во Советскиот Сојуз каде се држеле затворени идеолошките противници на комунизмот) во Велика Британија.
Невладината организација од Велика Британија на својот Tviter профил закачи статус дека конзервативците кои се жалат на Интернет цензура и таканаречениот “Интернет гулаг“ треба да се затворат во концентрациони логори, нарекувајќи ги луѓето кои се жртви на гушењето на слободата на мислење, затуцани луѓе, притоа користејќи го погрдниот збор bigot.
Наведената политичка групација, за која се тврди дека се залага за еднаквост и човечки права, е во блиски односи со Универзитетот во Лондон, а ова им е втор статус по ред со кој директно најавуваат отворање на гулази за политичките неистомисленици.
Според проценките на историчарите во советските концентрациони логори страдале околу 30 милиони мажи, жени и деца, кои комунистичкиот режим ги сметал за непријатели на власта и политички некоректни поединци, според тогашните стандарди на политиката.
По објавувањето на веста дека ширеле политичка омраза LGBT организацијата го тргна твитот од својот профил, но ја остави видео-репортажата на која се гледа автентичноста на нивниот твит. Видео-репортажата на сајтот Newswars можете да ја видите на англиски јазик:

http://www.nuclear.news/

https://www.real.video/5833653472001

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.