Кон радикалниот ислам Тамерлан Царнаев може го поттикнала мајката

Американските власти се сомневаат дека 45-годишната Зубејдат Царнаева, мајката на осомничените за терористичкиот напад во Бостона, 26-годишниот Тамерлан и 19-годишниот Џохар, можела самата да го поттикне постариот син да се приврзе за радикалниот ислам, пренесува AFP повикувајќи се на изјава на сенаторот Чарлс Руперсбергер.„Истражуваме дали таа (Царнаева) можела да го поттикне својот син кон радикализација, а, исто така, дали таа можела да има врски со други луѓе или терористички групи“, рекол Руперсбергер.Роднините на Царнаеви за американските медиуми дека врз Тамерлан силно влијание имал човек по име Миша, кој му го проповедал исламот. Зубејдат Царнаева ги демантираше овие наводи.Според Associated Press, името на Зубејдат Царнаева пред година и половина било ставено на американската листа на осомничени за врски со тероризмот (TIDE). Царнаева била ставена на листата откако кон крајот на 2011 година руските разузнавачки служби ја предупредиле американската централна разузнавачка служба CIA за нејзини можни врски со екстремистите.Покрај тоа, како што претходно беше објавено, пролетта 2100 година руската тајна служба барала проверка на Тамерлан Царнаев што ја извршиле агенти на американското федерално истражно биро FBI за можни врски со екстремистите и неговото име било вклучено во барата TECS, направена за оневозможување на сомнителни лица да влезат на територијата на САД. Во септември 2011 година, по иницијатива на CIA, Царнаев уште еднаш се појавил на другoт список со осомничени за врски со тероризмот – TIDE, кој е во базата на американскиот национален антитерористички центар.Истрагата се води поради терористичкиот напад, како што американските власти ги квалификуваа двете експлозии во интервал од 12 секунди кои одекнаа на 15-ти април на целната рамнина од познатиот меѓународен Бостонски маратон, при што загинаа три лица, од кое едно осумгодишно момченце а 264 беа ранети, од кои на десетина им се ампутирани екстремитети. Ноќта на 20-ти април, по интензивна масивна 24-часовна потрага беше уапсен еден од осомничените како извршител на нападот, 19-одишниот Џохар Царнаев кој во петокот е пренесен од болницата во Бостон во затворот Форт Девенс во сојузната држава Масачусетс, каде е хоспитализиран поради раните на вратот и ногата здобиени во престрелка со полицијата при неговото апсење. Вториот осомничен од чеченските браќа кои претходно живееле во кавкаската руска република Дагестан каде што доминира муслиманското население а добиле американско државјанство, повозрасниот Тамерлан почина во болница откако на 19-ти април беше ранет во престрелка со полицијата во бостонското предградие Вотерстаун.
МакфаксАмериканските власти се сомневаат дека 45-годишната Зубејдат Царнаева, мајката на осомничените за терористичкиот напад

Пронајдете не на следниве мрежи: