Користите алуминиумска фолија кога печете храна? После ова ќе престанете

Алуминиумската фолија може да биде практична бидејќи го забрзува готвењето, ги чува соковите во храната, па дури и го олеснува миењето на садовите. Сепак, алуминиумската фолија носи некои здравствени ризици.
Користите алуминиумска фолија кога печете храна? После ова ќе престанете
Внесуваме премногу алуминиум
Алуминиумската фолија се појавила пред околу сто години во САД. На почетокот била користена како обвивка за чоколади, бонбони и гуми за џвакање. Подоцна се појавила и во готвењето за печење риба, зеленчук, па дури и овошје, а се користи и за правење скара. Денес користиме алуминиумска фолија со тони, па затоа експертите започнуваат да се загрижуваат. Зошто?


При готвењето, дел од алуминиумот може да се пренесе и на храната, и долгорочно да ви предизвика здравствени проблеми. Според Светската здравствена организација, нашето тело може да се исчисти од само мала количина алуминиум. Безопасно е дневно да внесуваме 40 милиграми алуминиум по килограм од нашата тежина. За жал, некои внесуваат многу повеќе. Научниците ја истражувале потенцијалната опасност од преголемата изложеност на алуминиум и откриле некои работи кои се вознемирувачки.
Било откриено дека луѓето заболени од Алцхајмерова болест имаат висока концентрација на алуминиум во мозочното ткиво. Исто така, поголемото внесување на алуминиум може да биде поврзано со намалениот раст на клетките. Тоа може да биде потенцијално многу опасно за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и коските.


Како всушност алуминиумот истекува во храната кога користиме фолии?
Тоа зависи од киселоста на храната која ја готвиме во фолија. На пример, доматот и рибата имаат висока киселост. Исто, зависи и од температурата. Алуминиумската фолија употребена за готвење или печење го внесува тој метал во организмот. Колку е повисока температурата, толку повеќе алуминиум истекува во храната.
Колку навистина алуминиумот му штети на нашето тело зависи од повеќе фактори. Пред сѐ, тука е нашата севкупна состојба и способноста на нашето тело да толерира алуминиум. Сепак, едно е сигурно. Алуминиумската фолија треба да се одбегнува при готвење или барем поретко да се користи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.