Коронавирус уште на стартот на учебната година во Србија: Го испратиле детето на училиште, иако чекале резултати од тестирање

Уште првиот ден коронавирусот влезе во белградско основно училиште, а против родителите на детето кое е заразено, Министертвото за образование поднело пријава до Центарот за социјална работа против повреда на безбедноста на другите деца и несовесно однесување.
Според информациите кои ги пренесе „Блиц“, станува збор за улилиштето „Браќа Јерковиќ“ во Железник. Станува збор за ученик од трето одделение, а неговата мајка го испратиле денеска, иако ги чекале резултатите од коронавирус. Ученикот бил тестиран на 31 август.
Кога дознале дека има позитивен тест, мајката веднаш ја известила учителката, но веќе било доцна, бидејќи тој ги минал часовите заедно со другите деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.