четврток, 12 ноември 2026
Најново

Косово: Граѓаните мирно протестираат пред зградата на општина Звечан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рано утрово имаше кратки немири, кога граѓани се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон фрлајќи солзавец.

Пред општината Звечан на Косово, која ја чува кордон војници на КФОР, српските граѓани на таа општина мирно протестираат, јавува Анадолија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со граѓаните се и претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, потпретседателот Игор Симиќ и други политички претставници на Србите на Косово. Меѓу граѓаните се забележуваат и лица со маски на лицето.

Припадниците на косовската полиција и ЕУЛЕКС се стационирани на почетокот на улицата каде што се наоѓа општинскиот објект.

Рано утринава дојде до кратки немири, кога граѓани со фрлање солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон. Косовската полиција потоа употреби спреј за да ги спречи демонстрантите да влезат во општинската зграда.

Граѓаните протестираат и пред општинските згради во Зубин Поток и Леписавиќ.

Новите градоначалници на општините на северот на Косово: Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ во петокот влегоа во општинските згради со помош на специјалци од косовската полиција.

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Џефри Ховениер закажа средба со новите градоначалници на општините од северот во Приштина.

Вонредните локални избори се одржаа на 23 април, но излезноста беше помала од 4 отсто поради бојкотот на српската заедница.

Поврзани вести