Костен пире

800 г костени
4 лажици шеќер
80 мл рум
20 мл арома од ванила
400 г изматен шлаг со вода
Во тенџере ставете 200 мл вода и додадете го шеќерот. Откако шербетот ќе зоврие додадете ги румот и аромата од ванила и варете уште две-три минути. Тргнете од оган и изладете.
Сварените костени излупете ги, истолчете ги и прелијте ги со шербетот.
Сервирајте го пирето од костени во чаши за сладолед и украсете со шлаг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.