Кошаркарките на „Бадел 1862“ од Кисела Вода триумфираа над екипата на ЖКК „Работнички“

Во првото коло, од првата женска кошаркарска лига-запад, кошаркарките на „Бадел 1862“ од Кисела Вода, вчера на домашен терен триумфираа над екипата на ЖКК „Работнички“.

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ на дерби натпреварот, одигран во спортската сала „Независна Македонија“, со резултат 64:40 (18:9,12:14,19:7,15:10) убедливо ја победија екипата на „Работнички“.

На натпреварот, од домашната екипа поени постигнаа: Димова Цветанка 21, Димитријевиќ Марија 18, Адамовска Сања 12, Јоловиќ Драгана 5, Лазареска Сандра 4, и Блажевска Мартина 3 поени. Од гостинската екипа најпрецизни со постигнати 10 поени беа: Драгана Петковска и Кристина Тодевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.