Веста за ненадејната смрт на јужноафриканскиот фудбалер Џејден Адамс го потресе фудбалскиот свет, а причината за смртта на 25-годишникот сè уште не е официјално потврдена.
Пред неколку дена, Адамс ја претставуваше Република Јужна Африка на Светското првенство, играше на три натпревари од групната фаза, а веста за смртта на овој фудбалер ги шокираше сите.
Иако сè уште нема официјална потврда за причината за смртта, почнуваат да циркулираат разни теории, а еден јужноафрикански медиум тврди дека Адамс извршил самоубиство.
Имено, веб-страницата „Сандеј Ворлд“ од Јужна Африка пишува дека Адамс си го одзел животот во сабота наутро во својот дом во Стелленбош.
Овој портал потсетува и дека пред две недели, 25-годишникот тагуваше по смртта на својата 72-годишна баба, Маријана Адамс, еден ден пред натпреварот на Бафана Бафана против Чешка на стадионот Атланта.
Некои медиуми исто така споменуваат наводно труење со храна како причина за смртта, но сè уште нема официјална потврда.
Ве потсетуваме дека за смртта на Адамс објави и Фудбалската асоцијација на Јужна Африка, која изрази сочувство до семејството на починатиот фудбалер.
The post Која е причината за смртта на јужноафрикански фудбалер? Медиумите тврдат дека извршил самоубиство appeared first on Во Центар.



