Јавноста реагираше како можеше министерот„шетач“ да зема плата толку месеци, и не само што не доаѓаше на работа а земаше плата, туку најбезобразно парадираше со фотографии на скапи туристички дестинации.
„Северна Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања“, вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретрседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи реагираше на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за Европската Унија.
Османи прашува кој ќе биде неговиот мандат со оглед дека Македонија има амбасадор и дипломати што работат во европските институции.
„Северна Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања“,вели Османи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



