Која риба е најздрава? Овој вид го остави лососот на второ место

Познато е дека рибата е нискокалорична и високопротеинска храна, која треба да се јаде барем еднаш неделно.Според препораките, треба да јадете две порции риба неделно, а освен што е вкусна и хранлива, таа е и исклучително здрава.Иако лососот е омилен избор за многумина и еден од најздравите, тој не е најздравата риба. Сардините се меѓу најздравите риби. Тие се преполни со омега-3 масни киселини кои помагаат да се намали воспалението и се поврзани со намален ризик од депресија, срцеви заболувања и мозочен удар.Покрај тоа, тие се исто така полни со калциум, една порција содржи минерали колку една чаша млеко. Токму поради сето ова сардините се први на листата и го претекнале лососот, пренесува Today.

Пронајдете не на следниве мрежи: