Кој ќе го наследи богатството на принцот Филип?

По погребот на принцот Филип, британските медиуми пишуваат за неговото наследство. Принцот зад себе оставил богатство кое се проценува на 10 милиони фунти.
Дел од него го заработил додека работел во морнарицата, а не треба да се заборави и дека како член на кралското семејство заработувал околу 400.000 фунти годишно.
Покрај ова, со кралицата вложувал во недвижности, акции, уметнички колекции и ретки книги
Кралското семејство не ја откри содржината на тестаментот на принцот, а единствено што е познато е дека неговата кочија и понито ќе ги наследни внуката Луис, 17-годишната ќерка на принцот Едвард, која со дедо и’ ја делеле страста кон коњите.
Дел од неговиот имот ќе наследат неговите четири деца принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана, меѓутоа најголемиот дел се претпоставува, ќе и припадне на кралицата Елизабета Втора.
Иако се очекуваше дека неговатата титула ќе ја наследи принцот Едвард, сепак таа ќе му биде доделена на Чарлс, кој ќе ја проследи до Едвард кога ќе стане крал.
Освен тоа, целиот имот кој по смртта на Филип ќе го добие кралицата од неа ќе го наследи Чарлс, па така тој ќе биде оној кој на крај ќе добие најголем дел од богатството на таткото.
Британските медиуми пишуваат и дека најверојатно дел од имотот принцот Фиип оставил за хуманитарните организации кои ги поддржувал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.