Кралот Чарлс проговори по апсењето на својот брат Ендру: Загрижен сум, но подготвен сум за соработка

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, откако беа објавени детали за неговата поврзаност со сексуалниот престапник Џефри Епштајн. Кралот Чарлс сега објави сè.

Кралот Чарлс изјави дека „законот мора да си го направи своето“ откако изрази „најдлабока загриженост“ поради апсењето на неговиот помлад брат Ендру.

„Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за истражување на ова прашање на соодветен начин. Во ова, како што веќе реков, надлежните органи ја имаат нашата целосна и сесрдна поддршка и соработка“, рече британскиот монарх.

Потоа рече дека не би било соодветно да коментира понатаму за ова прашање сè додека процесот е во тек.

„Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас“, рече кралот Чарлс.

Наводите за злоупотреба на службената должност во јавната служба и наводите дека Џефри Епштајн испратил жена во Велика Британија за да има сексуален однос со Ендру Маунтбатен-Виндзор се под истрага. Ендру, од друга страна, постојано негира вина и поврзаност со кривични дела. Сепак, тој бил екскомунициран од кралското семејство, односно му била одземена титулата.
The post Кралот Чарлс проговори по апсењето на својот брат Ендру: Загрижен сум, но подготвен сум за соработка appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: