Универзитетската професорка и писателка, Јасна Котеска, поранешен активист во таканаречената шарена револуција, на својот Твитер профил пишува дека крајо време е да се алармира дека по Преспа и нулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, ова е создање на мини-федерација.
– По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката. Туку создавање мини-федерација. Како стручњак за 19век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е FUD. Само сведоштво, пишуваа Котеска.



