четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крај за лажните „0% камата“ за брзите кредити: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за финансии (МФ) по спроведен надзор алармира за низа измамнички практики кај финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Констатирано е дека многу од нив ги доведуваат граѓаните во заблуда преку рекламирање „бесплатни“ кредити со нула проценти камата, додека во договорите сокриваат високи дополнителни трошоци.
.

МФ им наложи на сите друштва веднаш да ги отстранат спорните реклами и натписи кои ги мамат потрошувачите. „Одредена трговска практика е измамничка доколку изостануваат битни информации потребни за правилна одлука“, прецизираат од министерството, најавувајќи остри мерки доколку неправилностите не се исправат.

Поврзани вести