Кремаста торта со банани: Десерт што ќе ве освои по првиот залак

Потребни состојки:
За бисквитот:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
малку путер и лебни трошки за калапот
За кремот:
400 милилитри слатка павлака
50 грама шеќер во прав
500 грама маскарпоне
3 банани
сок од 1 лимон
какао


Начин на подготовка:
1. Прво испечете го бисквитот. Премачкајте го калапот за торта со малку путер, посипете со лебни трошки и оставете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 °С. Изматете ги јајцата, додајте малку шеќер и мешајте додека смесата не се удвои и не стане светложолта. Потоа, додајте го брашното во смесата и лесно мешајте со шпатула или со лажица, но не со миксер. Истурете ја смесата во калапот и печете околу 15-20 минути додека бисквитот не се оддели од калапот и не добие златно-жолта боја на површината.
2. Оставете го бисквитот да се излади во калапот и подгответе го кремот. Мешајте ја слатката павлака со миксер додека малку не се зацврсти. Потоа, додајте го шеќерот и мешајте додека шлагот не се зацврсти. Во посебен сад, малку измешајте го маскарпонето со миксер, а потоа додајте го во шлагот и рачно измешајте ги состојките додека не добиете густ крем. Откако ќе биде готов, ставете го во фрижидер.
3. Излупете ги бананите, исечете ги на половина по должина и ширина, прелијте ги со сокот од лимон и наредете ги на изладениот бисквит. Можеби ќе ви требаат повеќе банани, во зависност од нивната големина и од големината на калапот. Прелијте ги бананите и бисквитот со кремот. Протресете го калапот за кремот да се спушти и измазнете го со шпатула доколку е потребно, а потоа оставете ја тортата во фрижидер неколку часа. Најдобро е да остане во фрижидер цела ноќ. Посипете со какао пред да ја послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.