Кременадли во Балсамико сос

4 свински кременадли
5 лажици Балсамико оцет
2 лажици кафен шеќер
2-3 чешниња лук
1 лажица доматно пире
масло, сол и мелен црн пипер
На кременадлите им се отстрануваат коските и се толчат со чук. Се наросуваат со сол и црн пипер.
Во сад се мешаат оцетот,  шеќерот и 2 лажици масло, па се премачкуваат кременадлите од сите страни.
Се оставаат да отстојат 2-3 часа и се пржат на загреано масло.
Во тавата се додаваат доматно пире, 200 мл вода и исечканиот лук, па се динста месото 20-на минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.