Кременадли во сос

4 свински кременадли
100 г коцки чадена сланина
2 главици кромид исечен на резанки
120 г кисели краставички исечени на стапчиња
100 мл кисела павлака
3 исечени чешниња лук
3 исечени гранчиња целер
1 лажица исечен магдонос
400 мл супа од коцка
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Кременадлите зачинетите ги, испржете ги и ставете ги на чинија.
На преостанатата мрснотија испржете го кромидот. Додадете ги сланината и краставичките, и зачинете. Потоа додадете ги лукот, магдоносот и целерот.
Во тавата вратете ги кременадлите и динстајте постепено додавајќи од супата додека омекне месото. На крајот додадете ја павлаката, промешајте и тргнете од оган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.