Крем супа од зеленчук

Состојки
1 главица кромид
1 тиквица -200 грама
2 парчиња пашканат-10 грама
2 парчиња морков-150 грама
2 компири-150 грама
150 гр брокула
2 чешниња лук
1 пиперка
Потребно е уште сол,црн пипер,зачин од сушен зеленчук,магдонос,зејтин
Прелив за супата
4 лажици кисело млеко
2 лажици маслинов зејтин

Едноставна,брза и без запршки крем супа.
Зеленчукот го миеме и сечеме на крупни парчиња.Го запржуваме зеленчукот на 4 лажици зејтин,освен брокулата.Додаваме сол,црн пипер и зачин од сушен зеленчук.Го полеваме со 2 литри врела вода.Оставаме да врие 20 минути.Потоа ја додаваме и брокулата и врие уште 5 минути.Ја прецедуваме супата од зеленчукот.Зеленчукот го блендираме со рачен блендер.Течноста ја ставаме на оган и додека таа врие додаваме од изблендираниот зеленчук.На крај поросуваме со магдонос.
На страна мешаме кисело млеко со маслинов зејтин и пред служење по желба се додава во крем супата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.