Крем супа од печурки

Вкусната крем супа од свежи печурки, во комбинација со препечен леб е одличен избор за топло предјадење.
Крем супа од печурки
Потребни состојки:
150 грама исечкани шитаке печурки
100 грама шампињони
50 грама маргарин
2 исечкани кромиди
15 грама брашно
Коцка за супа измешана во 200 милилитри вода
250 милилитри павлака за готвење
Прстофат сол и бибер


Начин на подготовка:
Растопете го маргаринот во големо тенџере на средна температура. Динстајте ги кромидот и печурките 10-тина минути, додека не омекнат. Постепено додавајте го брашното и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Постепено додавајте ја растворената коцка супа и повремено мешајте.
Кога супата ќе згусне, додајте павлака, па потоа зачинете со сол и бибер.
Сервирајте ја супата топла, со препечен леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.