Крем торта со Маскарпоне

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
250 г шеќер
200 мл масло
300 г брашно
400 г рендани моркови
3 лажички цимет
ЗА ФИЛ
170 г маргарин
500 г Маскарпоне сирење
300 г шеќер во прав
1 лажица екстракт од ванила
Шеќерот изматете го со јајцата и маслото. Додадете ги морковите, брашното и циметот и измешајте со лажица. Смесатa нанесете ја во тркалезна тава прекриена со хартија. Печете 40 минути на 180 степени или додека пандишпанот добие златно-кафена боја. Откако пандишпанот ќе се излади исечете го на 3 дела.
Маргаринот, сирењето и шеќерот во прав изматете ги со миксер заедно. Додадете го екстрактот и измешајате го филот. Премачкајте две кори пандишпан и ставете је третата. Филувајте ја тортата и украсете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.