Крем-чорба со тиквички и павлака: Рецепт за лесен ручек којшто ќе ви помогне полесно да ги преживеете жештините

Во жешките, летни денови ништо подобро не освежува од лесните чорбички и потажи од зеленчук.
Во сезоната на тиквички направете си крем-чорба од овој зеленчук по рецепт којшто нема да ви одземе многу време.

Состојки:

  • 500 грама тиквички;
  • 50 грама путер;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 лажица брашно;
  • 250 милилитри павлака за готвење;
  • свежи зачини;
  • сол, бибер;
  • семки од сончоглед или тиква (по желба);
  • малку лимонов сок.

Подготовка:
Излупете ги тиквичките, па изрендајте ги, малку посолете ги и оставете ги да отстојат 10-на минути.
Во тенџере во кое ќе ја варите чорбата, ставете го путерот, па кога тој ќе се растопи на тивок оган додадете една лажица брашно и кратко пропржете, не менувајќи ја температурата на ринглата.
Кога брашното ќе се пропржи додадете ги тиквичките, па динстувајте.
Кога тиквичките ќе бидат готови, додадете исечкан лук, бибер и павлака за готвење, како и свежи зачини и после неколку минути тргнете го тенџерето од рингла.
Пред да послужите додадете малку лимонов сок и семки од сончоглед, односно тиква.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.