Кренар Лога: Ако изјавите на Филипче се основ за кривична одговорност, да се преиспитаат изјавите на Мицкоски за дестабилизација!

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, во објава на социјалните мрежи истакна дека доколку премиерот Мицкоски смета дека изјавите на Филипче се основ за кривична одговорност, тогаш надлежните треба да ги преиспитаат и неговите изјави за наводна дестабилизација.

Објавата на Кренар Лога во продолжение:

Доколку премиерот Христијан Мицкоски смета дека изјавите на д-р Венко Филипче претставуваат сеење страв и основ за кривична одговорност, тогаш, согласно истиот принцип, надлежните институции треба да ги разгледаат и континуираните јавни настапи на премиерот Мицкоски во кои повеќе од две години се упатуваат пораки што зборуваат за наводна дестабилизација на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: