Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за вработен во „Национални шуми“ во Берово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(47), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”.

Во периодот од 15.04.2022 до 10.05.2022 пријавениот, кој бил вработен како референт за сеча, дотур и превоз на дрвна маса во приватни шуми – подружница Шумско стопанство ,,Малешево” – Берово при ЈП „Национални шуми” Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и извршил фалсификување на службена исправа така што од задолжените кочани со испратници за превоз на дрвна маса, каде што пред секој реализиран транспорт на дрвна маса треба да бидат пополнети четири испратници со ист сериски број, пријавениот во повеќе наврати двете од нив ги пополнувал и издавал на превозникот, по што го задолжувал да му ги врати по реализацијата на транспортот, а на останатите две испратници впишувал нереални и лажни податоци со помала количина на дрвна маса од реално издадените испратници, со различни имиња на превозници, адреси, вид на дрвна маса, во однос на другите две издадени испратници, по што се потпишувал во име на превозникот.

На тој начин тој причинил материјална штета на претпријатието од 239.424 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: