Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело „насилство“






СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти МВР, на 12 октомври 2023 година полицискиот службеник Е.М. заедно со лицето М.М., против кого исто така е поднесена кривична пријава, физички го нападнале С.А. од кумановското село Черкези и му нанеле повреди.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210, став 1, точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР, се наведува во соопштението од МВР.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: