„КРИМ Е СЛЕДЕН“ Шефот на украинското разузнавање: Битката за враќање на Керсон ќе биде завршена до крајот на НОЕМВРИ

Генерал-полковник Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, рече дека верува оти украинската контраофанзива за повторно заземање на Херсон ќе заврши до крајот на следниот месец.

Русија во моментов се прегрупира во таа област со околу 40.000 војници, вклучувајќи ги и најобучените и најспособните руски единици – изјави тој за списанието The War Zone.

Буданов додаде дека тука спаѓаат воздушната одбрана, силите за специјални операции и поморската пешадија.

На прашањето дали Украина планира контраофанзива на Крим, кој беше припоен во 2014 година, Буданов рече дека „тоа ќе се случи следната година“.

На прашањето кога ќе заврши војната, тој рече дека добра можност за завршување на војната ќе биде кога Украина ќе се врати на границите од 1991 година, кога се стекна со независност од Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.