недела, 15 ноември 2026
Најново

Крипто измама – кумановец остана без 43.750 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра.

Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани вести