Кромидарник со ќофтиња

Состојки
околу 0,5 кг и повеќе кромид
1 ракиено чаше + ¾ чаша вода
2-3 суви пиперки
1,5 лажица црвен пипер
2 домати
За плескавици
0,5 кг мелено месо
1 главица кромид
1 јајце
1 лажица сув зачин
1 лажиче оригано
0,5 лажиче црн бибер
1 лажица зачин за грчко ќофте
1 дебела кришка сув леб натопен во вода

1.Од состојките за плескавици измесете компактна смеса и ставете ја во фрижидер.
2.Кромидот исечкајте го во парчиња со средна големина и ставете го во тава со ракиеното чаше вода да динста. Доколку е малку додадете уште едно.
3.Кога ќе испари водата, додадете 1-2 ракиени чашиња масло и прежете додека омекни и подотемни за нијанса.
4.Посолете, додадете го пиперот и откако ќе се соедини додадете ги доматите претходно излупени и изрендани. На крај додадете ја и водата. Доколку сакате ставете малку бибер и сув зачин.
5.Од смесата со мелено месо направете плескавици и ставете ги во тавата благо притиснувајќи ги со цел колку можи да се потопат.
6.Печете во загреана рерна на 210С околу половина час , односно додека испари течноста, но сепак да остани сочно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.