Крцкави и неодоливи: Рецепт за крокети со ослич и компир

Осличот и компирот се одличен гастрономски пар кои можете да ги комбинирате на разноразни начини. Денес ви предлагаме рецепт за крцкави крокети со компир и ослич.

Потребни состојки:
800 грама компири
500 грама ослич
120 грама брашно
120 грама лебни трошки
60 грама путер
2 јајца
2 чешниња лук
1 млад кромид
1 чили пиперка
1 лажица сечкана мајчина душица
1 лажица сечкан магдонос
сол и бибер по желба
растително масло за пржење

Начин на подготовка:
1.Измијте ги компирите, изгмечете ги со виљушка и ставете ги во загреана рерна на 220 степени целзиусови околу 75 минути или додека термички не се обработат до крај.
2.Исечете ги компирите на половина, излупете ги и оставете ги настрана.
3.Посолете го осличот. Загрејте го путерот во тава и пржете ја рибата околу две минути од секоја страна. Исечете ја рибата на помали парчиња и оставете ја настрана.
4.Во преостанатата маснотија пропржете сечкан лук, млад кромид и мајчина душица. Пржете околу една минута.
5.Додадете ги термички обработените компири и сè убаво измешајте.
6.Додадете ги парчињата риба и сечканиот магдонос. Добро измешајте. Додадете сол и црн пипер во смесата.
7.Од добиената смеса формирајте ги крокетите со дебелина од околу два сантиметри.
8.Добиените крокети извалкајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
9.Загрејте го растителното масло во тава и пржете ги крокетите околу две минути од секоја страна, додека не поруменат.
10.Префрлете ги сите испржени крокети во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 10 минути.
11.Послужете ги крокетите со парчиња лимон. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.