Крцкави тиквички од рерна

6 тиквички
2 лажички сол
4 белки
2 лажици вода
200 г брашно
200 г лебни трошки
1 лажичка лук во прав
1/4 лажичка мелен црн пипер
1/4 лажичка сол
1/2 шолја рендан пармезан
масло
Излупете ги тиквичките, исечете ги на половина и потоа секоја половина на 3 делови по должина. Ставете ги во цедалка, посолете и оставете да отстојат и да се исцедат околу половина час. Измијте ги парчињата тиквички и повторно исцедете ги. Свалкајте ги прво во брашно со пармезан и зачини, потоа во изматени белки со 2 лажици вода и на крај во лебни трошки. Наредете ги во намрсена тава, попрскајте ги со масло и печете 35 минути на 210 степени или додека убаво заруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.