четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.

Како што информира ОЈО, на 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.

-Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, соопшти ОЈО.

Поврзани вести