Куманово последен 1/ 4 финалист во националниот Куп

Кошаркарите на Куманово ја комплетираа полуфиналната четворка на завршниот Куп на Македонија, откако забележаа победа над Лирија со 103:89.
Дуелот во арената „Борис Трајковски“ мина во знакот на речиси двочасовниот прекин, предизвикан од навивачките групи на двата тима.
Навивачките екипи од почетокот на натпреварот започнаа со националистички навреди, по што делегатот на натпреварот во договор со судиската тројка побара да бидат испразнети трибините на кои беа најгласните навивачи на Лирија и Куманово.  До прекинот дојде во 15-та минута при резултат 32:31 за екипата на Лирија.
Откако по два часа четвртфиналниот натпревар подобро во него подобро се снајде екипата на Куманово, која предводена од Димчевски успеа во третата четвртина, со серијата на тројки да создаде двоцифрена предност.
Костоски со 27 и Димчевски со 24 поени беа движечката сила на Куманово на оваа средба, која успеа да и се реваншира на Лирија за минатогодишниот пораз во националниот Куп.
Кај Лирија се истакнаа Тасовски со 21 и Радуновиќ со 20 поени.
Противник на Куманово во полуфиналето ќе биде Кожув, кој потешко од прогнозите, дури во последната четвртина го скрши отпорот на Вардар и забележа победа од 80:67.
МакфаксКошаркарите на Куманово ја комплетираа полуфиналната четворка на завршниот Куп на Македонија, откако забележаа победа

Пронајдете не на следниве мрежи: