Лавров во Скопје со времена дозвола

Од 9 до 12 часот денеска (28.11.) ќе се реализира генералната проба за одвивањето на посебниот сообраќаен режим што ќе се воведе утре и задутре заради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Последната дилема – дали на состанокот ќе учествува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, е резрешена вчера, откако официјална Софија даде дозвола за прелет на Специјалната водухопловна единица „Русија“ преку нејзиниот воздушен простор.

ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, …
По нападот на Иран врз Израел: Светските лидери стравуваат од сеопфатна војна, Хамас го поздрави чекорот на Техеран
Одбранбениот систем на Израел го запре налетот на ракети и нападот на Иран падна: Израелската армија вети одмазда додека светските лидери стравуваат од изгледите за сеопфатна војна на …

„Врз основа на добиено барање од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во својство на претседавач на ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-тиот состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје на 29 ноември – 1 декември 2023 година, за обезбедување дозвола за прелетување на делегациите за учество на претстојниот Совет на министри на ОБСЕ, МНР на Република Бугарија даде дозвола за реализирање на лет на Специјалната водухопловна единица ‘Русија’ преку воздушниот простор на Република Бугарија за спроведување на лет за транспорт на делегација за учество на меѓународниот форум“, соопшти бугарското МНР.

Во одговорот се наведува дека дипломатското овластување за прелет е од привремен карактер и е валидно 3 часа пред и 72 часа по назначениот датум и време на прелетување. Детали за датумите од временската рамка не се објавени.

„Дадената дозвола е дадена за учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и спаѓа во исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ против него. Дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои исто така се санкционирани лица, според важечкото право на ЕУ, што е изрично наведено во нотата-одговор на бугарската страна“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.