Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да учествува на преговорите во Истанбул на 15 мај, дознава „Комерсант“.
Рускиот весник потсетува дека одлуката за тоа кој точно ќе ја претставува Русија на средбата се уште не е официјално објавена.
„Вашингтон пост“ во вторникот објави, повикувајќи се на поранешен висок извор од Кремљ, дека руската делегација би можела да ја предводат претседателскиот помошник Јуриј Ушаков и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.



