Ние не протестираме само против системот. Протестираме против начинот на размислување на овие ботови, пишува на Фејсбук Леутрим Биљали.
Во продолжение објавата на Фејсбук:
– Седам надвор, пушам цигара, кога ми приоѓа еден колега.
X: Брат, како си?
Јас: Добро сум, брат. Ти како си? Како оди?
X: Фино, брат.
И тука почнува вистинскиот разговор.
Јас: Ќе дојдеш вечер на протест?
X: Брат, нема шанси. Што е поента? Ништо нема да се смени. А и да бидам искрен, Албанците се виновни за сите овие проблеми. Тие ја корумпираа државата.
Во моментот кога ја заврши реченицата, си помислив: Каков испран мозок. (Ова ми е можеби втор или трет пат што зборувам со типов.)
Јас: Брат, те молам објасни.
И ете го целиот ВМРО наратив. Лажни лиценци, корупција, бла бла. Веднаш сфатив дека разговорот може да оди во два правци.
Јас: Знаеш дека јас сум Албанец?
Тишина. Долга, драматична тишина.
Јас: Всушност, јас сум хибрид. Мајка ми е Македонка, татко ми Албанец.
X: Брат, ти си од добрите! Те памтам од бојкотот за време на пандемијата, кога се координиравме на состаноци.
Го прекинав.
Јас: Јас можеби сум ‘еден од добрите’, но ти, дефинитивно, си на страната против која протестираме.
Ние не протестираме само против системот. Протестираме против начинот на размислување на овие ботови.



