Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение остро реагира на одлуката на Владата да го именува поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за специјален пратеник за Европската Унија во Брисел, оценувајќи дека станува збор за награда за неодговорност.
Од партијата велат дека наместо да понесе одговорност за, како што тврдат, неисполнувањето на своите обврски додека беше член на Владата, Фетаи добил нова државна функција.
„Граѓаните сè уште паметат дека со месеци не присуствуваше на владините седници, а во меѓувреме редовно примаше функционерска плата. Наместо одговорност, денес е награден со позиција во Брисел“, наведуваат од ЛДП.
Партијата смета дека ова испраќа погрешна порака до јавноста и до европските институции, оценувајќи дека државните функции не треба да се користат за партиски кадровски решенија.
Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, „министер шетач“, а не можат да ја извршат амбасадорот и домашните институции – прашува Бујар Османи
Дополнително, ЛДП посочува дека Фетаи за новото именување информирал преку социјалните мрежи, каде јавно му се заблагодарил на премиерот за довербата.
Од партијата бараат Владата да ја преиспита одлуката и да стави крај, како што велат, на практиката дипломатските функции да се доделуваат на лица кои, според нив, не покажале резултати во извршувањето на претходните јавни функции.
„Граѓаните заслужуваат одговорни функционери кои ќе работат во јавен интерес, а не кадровски решенија што предизвикуваат недоверба во институциите“, се наведува во реакцијата на ЛДП.
ЛДП
The post ЛДП: „Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?“ appeared first on Provereno.



