четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Што ќе се случи со телото ако спиете ПОМАЛКУ од пет часа секој ден?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Веројатно сте слушнале за тврдењето дека ви се потребни најмалку 8 часа сон за да функционирате нормално. Универзитетот од Пен Стејт тврди дека сепак ви е потребен половина час повеќе ако навистина сакате да се наспиете.

Објаснувањето за 8,5-часовното спиење, според Универзитетот од Пен Стејт, е поради тоа што повеќето луѓе спијат во кревет 90% од времето, па за да се надополни одморот за телото треба да спиете половина час повеќе.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ако ова е идеалната количина сон, колку спиење е премалку? Дали вашето тело ќе функционира нормално ако спиете многу помалку од предвидените 8,5 часа? Дознајте подолу.

0 часа – Неспиењето е мачење. По три дена без спиење ќе изгубите смисла за случувањата околу вас и телото ќе го затвори мозокот во фаза наречена „микроспиење“. Кога-тогаш, следува смрт. Не го препорачуваме ова.

2 часа – Никој не може вистински да функционира со само 2 часа сон секоја ноќ. Но, кај многумина овие два часа сон се единствената опција во денови и ноќи кога тие се презафатени за да спијат повеќе. Не е препорачливо, освен во посебни околности.

4 часа – Некои политичари, спортисти и бизнисмени тврдат дека четири часа сон им се сосем доволни, но тоа не може да е вистина. Малата количина на сон предизвикува чести промени на расположението, агресивност и зголемена телесна тежина. Четири часа сон не се препорачливи, посебно ако имате одговорна и тешка работа.

6 часа – Поголемиот дел од вработените луѓе спијат по 6 часа во текот на работната недела. Викендот и радувањето на доаѓањето на петок е научно објаснето преку тоа што во текот на работната недела во телото се собира замор, за во сабота телото да се одмори колку што може поради тоа што е слободен ден. Ако ви фали спиење, побарајте слободни денови или пак работете од дома.

8 часа – Општо прифатената временска количина на спиење. Бил Гејтс тврди дека седум часа се доволни, но дополнителен час нема воопшто да ви штети.

10 часа – Тинејџерите треба да спијат повеќе од возрасните – околу 9 или 10 часа дневно. Најголем проблем кај нивниот сон е раното станување за одење на настава во училиште.

Поврзани вести