четврток, 12 ноември 2026
Најново

Лесен избор за денешен ручек: Пица со брокула

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Потребни состојки:

1кг брашно

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

1 квасец,сол,топла вода и малку шеќер

300гр брокула

200-300гр пилешко месо

100гр. спанаќ

200-300гр сос од домати или рендани

400мл млеко

50гр брашно

50гр путер

Подготовка:

Го замесуваме тестото за пица. Во меѓувреме додека стаса ја обаруваме брокулата и спанаќот.

Доматите ги рендаме. Пилешкото месо исто го вариме и го сечиме на ситни парчиња.

Откако тестото ќе стаса правиме пица. Брокулите и спанаќот ги сецкаме на поситни парчиња. Со ренданиот домат ја премачкуваме пицата. Врз него ставаме од месото, брокулата и спанаќот.

Со бешамел сосот ја преливаме пицата и посолуваме.(Во смесата може да се ставе и парчиња домат)

 

Поврзани вести