Лесен и вкусен оброк кој лесно се подготвува

Доколку немате идеја како да направите компири, ви го предлагаме ова едноставно јадење.
Омилениот зеленчук на многу луѓе, компирот, може да се подготви на различни начини. Во оваа посна варијанта која лесно се подготвува, се комбинира со зеленчук.

Состојки:
1 кг компири
маргарин
200 гр печурки
2 пиперки
3 лажици пченка
3 лажици грав од конзерва
1 тиквичка

Подготовка:
Тиквичката и печурките исечкајте ги и пропржете.
Во сад измешајте ги сечканата пиперка, пченката, гравот и додадете ги печурките и тиквичката.

Посолете и промешајте.
Не ги лупете компирите, само добро измијте ги. Исечете по должина, но не до крај. Премачкајте со растопен маргарин и завиткајте во алуминиумска фолија. Печете ги компирите во загреана рерна на 200°C околу 40 минути.
Потоа извадете ја фолијата, отворете ги компирите, па на секој додајте по една лажичка маргарин и изгмечете. Потоа додадете го прилогот од зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.