Лесна вечера: Салата со пиперки и маринирани печурки

Подгответе брза и лесна вечера од печурки и пиперки.
СОСТОЈКИ:
400 гр маринирани печурки
1 црвена пиперка бабура
1 главица црвен кромид
2 чешниња лук
1/4 шолја маслиново масло
сок од лимон
1 лажица пармезан
1 лажица мед
1 лажица вода
малку босилек
магдонос
оригано
сол
бибер


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во адекватна чинија ставете исцедени маринирани печурки, исечкан кромид, ситно сечкан лук и исечкана пиперка, па измешајте.
Во помал сад соединете маслиново масло, сок од лимон, мед, вода, рендан пармезан, босилек, оригано, магдонос, сол и бибер, па со добиениот дресинг прелијте ја салатата.
Уште еднаш добро измешајте, па послужете.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.