Лесна торта без шеќер, брашно, млеко и путер

Оваа торта се подготвува брзо и лесно, вкусна е, здрава и погодна за дијабетичари и оние кои се на безглутенска исхрана.
Состојки:
1 шолја од 250 ml ореви
1 шолја овошје (најдобро ситно шумско овошје, од типот на капини, малини, рибизли)
1 лажичка печиво
3 јајца


Малку јаворов сируп по желба
Подготовка:
– Во сецко ставете ги оревите додека не се сомелат како фино брашно.
– Додадете ги јајцата и пецивото и изматете ја смесата.
– Префрлете ја смесата во кружно тавче обложено со хартија за печење и додадете го овошјето врз смесата.
– По желба додадете малку јаворов сируп доколку сакате поблаг вкус.
– Печете во загреана рерна 30 минути на 180°C.
Погледнете го рецептот и направете ја уште денес:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.