Летен коктел од капини и хибискус

Летната сезона е одлична за уживање во најдобрите коктели. Овој коктел од капини и хибискус е токму еден од оние одлични и разладувачки коктели во кои можете да уживате сами или заедно со пријателите.
Капините и хибискусот се богати со антиоксиданти кои имаат корисен ефект врз нашето здравје. Исто така, во комбинација со кефир и свежи лисја од нане, ќе го добиете најосвежувачкиот летен еликсир. По избор, кефирот заменете го со минерална вода или комбуха.
Летен коктел од капини и хибискус


Потребни состојки:
180 милилитри чај од хибискус
250 г замрзнати капини
180 милилитри кефир, минерална вода или комбуха
неколку лисја од нане
1 лажица сируп од агаве (по желба)
Начин на подготовка:
Замрзнете ги капините преку ноќ, а исто така подгответе го и чајот од хибискус. Потребни ви се 3 ќесички чај или околу 250 г свежи цветови.
Следниот ден ставете ги лисјата од нане во неколку чаши. Додадете сируп од агаве по желба.
Замрзнатите капини измешајте ги со чајот, додајте во чашите со нане и промешајте. Додадете кефир, минерална вода или комбуха, украсете и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.